дома Свет ИЗРАЕЛСКИОТ АВИОН СОБОРЕН СО СОВЕТСКО ОРУЖЈЕ: Израелската војска објави со какво оружје...

ИЗРАЕЛСКИОТ АВИОН СОБОРЕН СО СОВЕТСКО ОРУЖЈЕ: Израелската војска објави со какво оружје е соборен нивниот Ф-16!

Како што соопшти израелската војска вчера, соборен е авион Ф-16 на израелското воздухопловство

„За време на нападот неколку противвоздушни ракети беа лансирани на израелските авиони. Еден од нив е погоден. Пилотите, во склад со инструкциите, го напуштија леталото и се спуштија на израелска територија“, се наведува во документот на прес-службата на војската на Израел, кој е објавен на Твитер.

Пилотот на ловецот за време на катапултирањето е тешко ранет и по операцијата се опоравува во болница во Хаифа. Копилотот е полесно повреден и веќе е „на нозе“, соопштува премиерот Бенјамин Нетанјаху, откако разговарал со него.

Војската наведува дека на авионот сириските сили отвориле оган користејќи противвоздушни ракетни системи од руско и советско производство С-200 и „БУК“.

Во документот се наведува дека пред израелското бомбардирање на објетктот во Сирија иранскиот дрон влегол во воздушниот простор на Израел.

Борбените акции траеле повеќе од четири часа – од 4.25 до 8.55 по локално време.