дома Свет Историска одлука: Израел е пpвaтa зeмја во cвeтoт кoja зaбpaни пpoдaжбa нa...

Историска одлука: Израел е пpвaтa зeмја во cвeтoт кoja зaбpaни пpoдaжбa нa кpзнo

Израел донесе историска одлука и воведе забрана на продажбата на крзно од животни, со што стана првата земја во светот која го направи тоа. Забраната наиде на огромна поддршка, а беше претворена во закон на 9 јуни од страна на министерот за заштита на животната средина, Гали Гамлиел и ќе стапи на сила за 6 месеци отсега.

Забраната следува после најавата за нови регулативи на крајот на 2020 година од страна на министерот, Тој изјави дека користењето животинска кожа и крзно во модната индустрија е неморално.

„Индустријата за крзно убива стотици милиони животни во светот и вклучува неверојатна суровост и страдање“ рече Гамлиел.

Забраната на Израел вклучува исклучоци за употреба на крзното во научни цели, за едукативни и религиозни цели. Исклучокот се однесува и на продажбата на Shtreimels – крзнените капи кои се носат на празници од страна ултра ортодоксните мажи.

„Користењето на кожата и крзното од дивите животни за модната индустрија е неморално и секако непотребно. Животинските крзна и кожа не можат да ги покријат бруталните убиства кои се случуваат. Потпишувањето на тие регулативи ќе го направи израелскиот пазар поеколошки и многу пофер кон животните“ додава Гамлиел.

(Fur Free Alliance)