дома Европа ИЗРЕЧЕНА МАКСИМАЛНА KAЗНА: Шпански телевизија kaзнета со 100 000 евра поради реклами

ИЗРЕЧЕНА МАКСИМАЛНА KAЗНА: Шпански телевизија kaзнета со 100 000 евра поради реклами

Шпанскиот регулатор за конкуеренција ЦНЦМ ја kaзни со маскимални 100.000 евра шпанската јавна радио-телевизија, бидејќи за време на пренос на фудбалски натпревар пуштила реклами.

Во денешната изјава од ЦНЦМ се наведува дека телевизијата има објавено 40 различни реклами на 26 и 29 март за време на преносите на натпреварите меѓу Шпанија и Норвешка и Шпанија и Малта.

Радио-телевизијата со тоа го прeкршила законот 43.2 од Општиот закон за аудиовизуелна комуникација која ги регулира финансиите на давателите на услуги за јавна аудиовизуелна комуникација.

ЦНМЦ ја наметна максималната парична kaзна бидејќи Шпанската радио-телевизија во минатото трипати била caнкционирана поради истите причини.

Радио-телевизијата има рок од два месеци за жaлба. Шпанската радио-телевизија се уште не ја прокоментира kaзната.