дома Хроника Изmaмeнa пocтapa cкoпjaнкa: Дaлa нaд 300.000 дeнapи зa ocтaвинcкa пocтaпкa

Изmaмeнa пocтapa cкoпjaнкa: Дaлa нaд 300.000 дeнapи зa ocтaвинcкa пocтaпкa

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.02.2021 до 04.06.2021 била измамена од лицето Н.К. за сума од 340.000 денари.

Според пријавеното, лицето и ветило дека може да ја забрза оставинската постапка за нејзиниот покоен невенчан сопруг и во наведениот период во неколку наврати му ги дала парите.

Исто така, според пријавеното, таа заклучила дека е измамена откако проверила и се уверила дека не била започната постапката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.