ИК НА ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ НОВИ ЧЛЕНОВИ: Драган Данев и Александар Велјановски се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, по предлог на Извршниот комитет донесе одлука за нови членови на Извршниот комитет да бидат избрани, Драган Данев, кој воедно е и нов координатор на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и Александар Велјановски, кој ја извршуваше функцијата претседател на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Тетово.

 

Синоќа се одржа втората редовна седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се дискутираше за актуелните политички случувања во државата, заостанувањето во реформската агенда, демократското назадување, влошувањето на економската состојба, како и за остварените посети на претседателот Христијан Мицковски во Европскиот парламент и САД, информираат од партијата.

-На седницата се дискутираше за се поголемото стагнирање на македонската економија и за безидејноста на оваа власт да се справи со овој предизвик. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да биде коректор на лошите економски политики, со свои сугестии и планови за подобрување на моменталната состојба. Мицкоски ги запозна членовите на Централниот комитет за посетите во Европскиот парламент, САД, Унгарија и Балканските земји, Хрватска, Словенија и Србија. Тој истакна дека овие посети и средби со голем број на политичари биле со цел за да бидат запознаени поддржувачите на Македонија за состојбата во која се наоѓа државата, стои во партиското соопштение и се додава:

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This