April 25, 2024, 12:53 pm

Илиевска: Еколошката такса ќе го осиромаши народот уште повеќе, сивата економија нема да ги почувствува даноците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната трибина на тема економија организирана од ВМРО-ДПМНЕ се обрати м-р Анастасија Илиевска која што даде свој осврт во однос на економијата во Република Македонија, како и за плановите за подобрување на економската состојба во државата.

Илиевска потенцираше дека кризниот данок, односно еколошката такса ќе влијае врз буџетот, како и врз граѓаните. При здравствена пандемија која што сама по себе го срозува економскиот столб, не се потребни никакви нови даноци, поради тоа што економијата не може да се стабилизира на таков начин, поради осиромашувањето на народот.

Таа додаде дека вo овој случај, ваквите даноци се апсолутно непотребни и ваквите даноци единствено удираат по џебот на граѓаните, а на никаков начин не придонесува за надополнување на економската дупка.

-Граѓаните на Република Македонија се во главно дисциплинирани плаќачи на даноците во Република Македонија, но со овој вид на данок ќе бидат опфатени само оние граѓани кои и онака низ годината ги подмируваат своите даноци и долгови кон државата, а нема да биде опфатена онаа категорија на граѓани кои ја движат сивата економија, а немаат никакви трошоци, истакна Илиевска.

Во ниту една земја економијата не се издига со зголемување на даноците кои што ќе ги плаќаат граѓаните, туку со мерки и долгорочни планови кои што ќе гарантираат ревитализација на приватниот сектор.

Илиевска додаде дека граѓаните се уште се опоравуваат од пандемијата која што ја зафати државата, а некои се уште се без работни места, поради огромниот број на отпуштени работници поради немањето работа изминатата година.

-Наместо Владата да се фокусира на изнаоѓање решение во однос на овие луѓе кои се најпогодени, таа измислува нова еколошка такса, која што условно кажано ќе ги дотепа луѓето и ќе им оневозможи издигање од пепелта во која се наоѓаат, заврши Илиевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This