Илиевски до Димитров: Безрбетнику, Каракачанов бара да прифатиш дека претходно си бил Бугар, ти се откажа од правото на самоопределување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разбирам дека е време на лажни покајанија во кое разни прдловци по илјадити пат ќе се обидат да се возат на бранот на популизмот, па затоа во три реда, следното, пишува на фејсбук Богдан Илиевски.


Безрбетнику, па не ти брани Каракачанов да се самоопределиш како Македонец, само бара да се самоопределиш како Македонец од 1944 година, а да прифатиш дека претходно си бил Бугар. Односно дека денес постои една нација која се нарекува македонска и слободно така се самоопределува, но таа има бугарски корен.

Исто како и Грците што не ти бранеа да се самоопределиш како Македонец, само од 7-ми век навака, а Македонците пред 7-ми век да се исклучиво Хелени, додека ти пред 7-ми век да прифатиш дека си чмаел во задкарпатјето. Односно дека денес постои некоја нација која слободно се самоопределува како македонска, но нема врска со луѓето кои живеат јужно од Меџитлија и Богородица, кои се вистински Македонци од антиката, а овие северњациве со цевчиња го препливаа Дунав, дојдоа до Пехчево или Демир Капија и рекоа „ете, тоа е тоа, тоа го баравме кога тргнавме од зад карпатите“.


Значи, лажовчино, ти СЕ ОТКАЖА од правото на самоопределување, а политиките кои ги водевте со твојот стопан присилно ги самооткажаа граѓаните на Република Македонија од нивното право да живеат во држава со име кое самите ќе го одберат.


Наместо раката на потписникот, се исуши Преспанско езеро.


Се надевам дека иднината ќе работи во корист на недолжното езеро, напиша тој.

Разбирам дека е време на лажни покајанија во кое разни прдловци по илјадити пат ќе се обидат да се возат на бранот на…

Posted by Богдан Илиевски on Monday, December 7, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This