Илинденско послание на г.г. Стефан и Синодот на МПЦ-ОА: Да не потkлекнеме на совpeмените иckушенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и Синодот на МПЦ-ОА испратија илинденско послание во кое порачуваат да не се заборави делото на сите наши борци и јунаци, комити и војводи, партизани и бранители.

-Големиот пророк Илија ни станал пок­ровител на духовната и на националната слобода. Започнатата борба на Илинден – 1903-та, ги раѓа созреаните плодови на Илинден – 1944-та година. Затоа треба да бидеме особено будни да не си дозволиме потклекнување пред современите искушенија и да не го изгубиме она што нашите предци, со огромни напори и големи жртви, го стекнале и ни го оставиле во аманет. Впрочем, самиот факт што во петвековното иноверно ропство нашиот народ, по секоја цена, ја сочувал православната вера, е доволен показател за духовната сила и за идеалите за кои се борел и се жртвувал, се вели во посланието.

Потоа се споменува и новиот предизвик пред кој се наоѓа светот, пандемијата со новиот вирус. – Еве, и во оваа 2020-та година, македонскиот народ, како и целото човештво, е во едно ново искушение – во ново востание, предизвикано од заразната пандемија. Но, поучени од искуството на нашите предци од претходните востанија, и со Божја помош и поткрепа, се надеваме дека и овојпат ќе извојуваме победа, пишува г.г. Стефан.

-Честитајќи им го Илинден на сите Македонци, во Татковината и насекаде по светот, порачуваме да не се заборави, во ниту една македонска генерација, делото на сите наши борци и јунаци, комити и војводи, партизани и бранители. Аманет­от што ни го оставија – да ги чуваме слободата и самобитноста, нека ни биде постојана заповед и порака!

Нека им е вечен споменот на сите коишто се бореа и паднаа за слободата и за независноста на Македонија!

Дај Боже, да постои и да опстои слободна Македонија и сѐ што е македонско! Амин!, пишува во завршетокот на посланието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This