дома Македонија ИЛИЈА ДИМОВСКИ: Ниту еден пратеник не е избран за да го менува...

ИЛИЈА ДИМОВСКИ: Ниту еден пратеник не е избран за да го менува името

Илија Димовски на денешната седница појасни дека тврдењата дека пратениците треба да одлучуваат во име на граѓаните за ова прашање се отуѓување од реалноста бидејќи ниту еден пратеник во Собранието не е избран од граѓаните со таа цел.

-Тврдењето дека за ова прашање треба ние пратениците да одлучуваме во име на граѓаните е отуѓување од реалноста. Ниту еден од нас 120 пратеници не го избраа за да го менува името на државата, рече Димовски.

Димовски додаде дека манипулациите кои ги прави СДСМ дека се менува референцата БЈРМ се несериозни бидејќи БЈРМ е привремена референца со која други нас ни се обраќаат, а додека Северна Македонија треба да биде трајно решение со кое ние ќе се обраќаме насекаде.