Илон Маск го вивнa биткоинот вo нoви виcoчини, дocтигнyвajќи нoви peкopди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цената на дигиталната валута биткоин и утрово продолжи со растот од синоќа, достигнувајќи нови рекорди, со што еден биткоин првпат вреди 48.000 долари.

Новите инвестиции во најпознатата и најважна криптовалута во светот, уследија по веста дека компанијата на Илон Маск, „Тесла“, купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари. Како што наведоа од компанијата, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи.

Исто така, „Тесла“ објави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи. По оваа објава, вредноста на биткоинот скокна дури 10,96 проценти – на 43.200 американски долари, а растот продолжи и после тоа.

Биткоинот зајакна неверојатни 23,93 проценти за 24 часа и се продаде за 48.049,91 долари во 2:03 часот по источно-американско време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This