Илон Маск ќе плати над 11 милијарди долари данок оваа година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, одговори на Твитер на повикот на американската сенаторка Елизабет Ворен, пишувајќи дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок оваа година.

На почетокот на минатата недела, откако магазинот „Тајм“ го прогласи директорот на фабриката за електрични автомобили за „Личност на годината“, Ворен на Твитер напиша дека Маск треба да престане „да се влече на сметка на сите други“ и да плаќа данок.

Маск и одговори дека „ќе плати повеќе даноци оваа година од кој било Американец во историјата“.

Маск моментно е најбогатиот човек на светот, а неговата компанија „Тесла“ вреди околу 1.000 милијарди долари. Во изминатите неколку недели, Маск продаде акции на „Tесла“ во вредност од речиси 14 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This