дома Социјални Мрежи Илон Маск ce гacи oд “Твитер”

Илон Маск ce гacи oд “Твитер”

Elon Musk interviewed by Chris Anderson at TED2017 - The Future You, April 24-28, 2017, Vancouver, BC, Canada. Photo: Marla Aufmuth / TED

Основачот на „Тесла моторс“ и компанијата „Спејсекс“, Илон Маск денеска објави дека на одреден временски период нема да биде активен на социјалната мрежа Твитер.

Маск не објасни која е причината поради која ја донел оваа одлука, а само девет часа пред да ги извести за одлуката своите 44,8 милиони следбеници на оваа мрежа, тој објави видео снимка од изградбата на фабриката Тесла Гига во околината на Берлин.

Ова сепак не е првпат Маск да го „напушти“ Твитер за одреден период. Последен пат кога тој се одјави од оваа мрежа, беше на почетокот на јуни минатата година.