дома Македонија ИМАМЕ НА ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ: „Њујорк тајмс“ го прогласи „Медена земја“...

ИМАМЕ НА ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ: „Њујорк тајмс“ го прогласи „Медена земја“ меѓу најдобрите за 2019

Документарецот „Медена земја“, дебито на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, е вброен меѓу најдобрите филмови на годината според весникот „Њујорк тајмс“.

„Зачнат како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од востановен еп, алегорија за животната средина од вистинскиот живот, и, не помалку, боцкава комедија за вечниот проблем сo терсене соседи“, пишува реномираниот критичар на „Њујорк тајмс“ А. О. Скот за „Медена земја“.

И американската организација на филмски критичари „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ (Њујоркшки круг на филмски критичари) вечерва ја додели наградата за најдобар документарен филм за 2019 година на „Медена земја“.