дома КОВИД-19 (Коронавирус) Имаме 125 новозаболени како резултат на „сѐ е под контрола“ и „народот...

Имаме 125 новозаболени како резултат на „сѐ е под контрола“ и „народот е крив“….

Во овие мигови на Македонија и македонскиот народ не им е потребен ПР-от на Владата и СДСМ базиран на лаги и манипулации, туку конкретни мерки!, напиша на својот фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој додава дека како резултат на “се е под контрола” и “народот е крив” политиката на Владата на СДСМ, денес имаме 125 нови случаи на заболени и 7 починати.

– За Заев и СДСМ повеќе не е потребно вонредна состојба. За нив се потребни само избори затоа што нивниот брод е веќе потонат, па да се спаси што се може. Здравјето и животот на граѓаните на Заев и СДСМ не им значат ништо. Додека дневно бележиме троцифрена бројка на раст на заболени, за жал се повеќе починати, тоа не ги спречува функционерите на СДСМ да одат на терен вршејќи поткуп на гласачи, вели Јанушев.