ИМАМ МАЈКА ОД ПЕКОЛОТ: Ме опијани во хотел, излезе од собата, а потоа го прати своето момче ѕверски да ме силува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мајка ја опијанила својата 16-годишна ќерка за да може нејзиниот премногу дебел дечко да ја силува. Ова звучи како хорор филм за мајка од пеколот. Но, станува збор за вистинска приказна.


Родената мајка направи пекол од животот на својата ќерка Пети Батлер.

Нејзината мајка ја земала со себе на кратко патување. Девојката мислела дека ќе помине убав викенд во дружба со својата мајка, но Тереза Батлер имала сосема друг план.

Таа имала дечко кој го запознала преку Интернет, се викал Томо. На дечкото својата ќерка му ја опишала како “своја млада верзија“, а конечната цел на тоа патување била Томо да ја силува Пети.

Тереза и нејзината ќерка испиле многу алкохол. Мајката свесно и давала на Пети да испие огромна количина. Потоа, така пијана, ја оставила сама во хотелската соба. Неколку минути подоцна во собата влегол тој. Несреќната девојка пробала да избега, но монтрумот ја запрел во обидот и ја силувал.

-Пеколот траеше пет минути, а јас цело време плачев и барав помош. Го чувствував неговото претешко тело врз себе, со денови по чинот. И денес го имам тоа одвратно чувство и точно го памтам неговиот ужасен мириз, раскажа пети за медиумите.

Таа раскажува дека буквално била згмечена затоа што силувачот бил премногу дебел и тежок. Ништо не можела да превземе во самоодбрана.

За време на целиот грозоморен чин, нејзината мајка ја следела ситуацијата на неколку метри од собата. Пети чекала нејзина помош, но залудно.

-Се надевав дека ќе влезе и дека ќе ме спаси. Таа воопшто не се ни обиде да го направи тоа. Си седела и пушела цигара знаејќи што ми се случува. Што се однесува до мене, тој ден можела да ме убие. Тоа не е мајка, вели пети која денес има 27 години и одлучи јавно да раскаже.

Но, пеколот не запира по чинот. Таа ноќ, силувачот спиел во нивната соба заедно со неговата жртва и мајката. Следното утро, раскажа несреќната девојка, заедно влегле во автомобил и во потполна тишина заминале на автобуска станица. Како ништо да не се случило.

Тереза која денес има 47 години, осудена е на четири години затвор, што е премала казна во споредба со тоа што го направила. Нејзината ќерка пати и тагува цели 11 години, а дури потоа собрала храброст случајот да го пријави во полиција.

Томо никогаш не беше уапсен. Полицијата трага по него врз основа на фото-робот, стравувајќи дека Пети не е неговата единствена жртва.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This