дома Економија Има ли крај – Владата со ново задолжување од 325 милиони евра

Има ли крај – Владата со ново задолжување од 325 милиони евра

Согласно изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Република Македонија за 2020 на денешната седница е донесена Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето – задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година, согласно која максималниот износ на нето – задолжување преку издавање на државни хартии од вредност во 2020 година изнесува 21.525.000.000,00 денари или сума од околу најмалку 325 милиони евра.

Во соопштение за медиумите Владата исто така информира дека закажана е заедничка седница на Владата на Република Македонија со Владата на Косово.

Седницата ќе се одржи на 25 јануари 2021 година, а Владата ги задолжила Министерствата за предлози за прашања кои ќе бидат разгледани на седницата во рок од 5 дена.