дома Актуелно ИМА ЛИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ВО ОВАА ДРЖАВА: Кој гласал во име на...

ИМА ЛИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ВО ОВАА ДРЖАВА: Кој гласал во име на Ферид Мухиќ додека пратеникот бил надвор од државата?!

Кој гласал место Мухиќ? Тој вели дека воопшто не бил присутен во Собранието на Република Македонија кога се гласало за договорот за промена на името

Ферид Мухиќ во вчерашното гостување распали по договорот за промена на името на Македонија иако е дел од владеачкото мнозинство како независен пратеник. Но нешто што отвори најголем сомнеж за демократскиот капацитет на владата на СДСМ беше тоа што во медиумите се прошири информација дека тој наводно гласал за договорот, а Мухиќ тврди дека воопшто не бил присутен во Собранието. Ова во најмала рака е скандалозно, и навестува што впрочем може да се случува на референдумот за промена на името кој најверојатно ќе се одржи наесен. Доколку хунтата на власт може да си дозволи да лажира гласање во Собранието и тоа по вторпат откако без доволен број на пратеници се избра Џафери за претседател на Собранието можеме да замислиме како ќе го лажираат референдумот.

-Во моментот не ни бев во Парламентот, како може да сум гласал „да“ или „не“. Договорот со Грција без преседан е најбесмисленииот и најпарадоксалниот договор, камен од камен не остана од нас. 27 години сум против тој договор, вели Мухиќ.
Тој истакна дека со Договорот се бришат сите етникуми во Македонија, не само Македонците туку и Албанци, Турци, Власи, Турци, Роми и целта на истиот е прекројување на границите на Балканот и раздвојување на христијните и муслиманите.