дома Занимливости Има, па и се може: Гавазова се пофали со новата „Долче и...

Има, па и се може: Гавазова се пофали со новата „Долче и Габана“ чанта од 600 долари (фото)

Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова од неодамна реши да си ја проба среќата на српската естрада со песната „Хало“ која е дело на српски автори.

Во домашните медиуми пак беше актуелна поради недоразбирањата за соработка со колешката Елена Велевска, како и тоа дека не ја кажа вистинската цена на високите потпетици од „Версаче“ кои ги носеше на фестивалот „Роса“.

Гавазова е доста активна на социјалната мрежа Инстаграм каде често знае да се пофали што има ново во нејзиното секојденвие.

Па така, деновиве на своите следебници им се пофали со новиот мобилен телефон кој напиша дека и е подарок од саканиот, а претходно пак се пофали со новата виолетова чанта од италијанскиот бренд „Долче и Габана“ која е од колекцијата есен/зима 2018 и чини околу 600 долари.

 

 

Следбениците честитаа подароците, а очигледно дека за Сузе Дедо Мраз постојано е тука, а таа не може да додржи без да им покаже на сите колку и се може.
Извор:вистина.мк