дома Балкан ИМА ПРИХОДИ ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО: Пацоли е албанскиот шеик

ИМА ПРИХОДИ ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО: Пацоли е албанскиот шеик

Целокупниот имот на министрите во владата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и 120 пратеници во Парламентот одамна ја премина цифрата од милијарда евра, објави „Политика“ цитирајќи го приштински „Зери“.

Најбогат косовски Албанец е Беџет Пацоли, министер за надворешни работи кој, според медиумите во Приштина, има годишни приходи од 300 милиони евра, додека вредноста на вкупниот негов имот е проценет на на четири милијарди евра, наведува „Политика”.

Втор на листата е Рамиз Кељменди, пратеник на Демократската лига на Косово, кој, според официјалните податоци, има 120 милиони евра во акции во компанијата „Елкос” и во недвижен имот.

Претседателот на привремените институции во Приштина, Хашим Тачи, според извештаите од косовската Агенција за бopба пpотив кopyпцијата, има имот во вреден 750.000 евра.

Според истите податоци, Рамуш Харадинај, има куќа од 300.000 евра,која како што тврди е изграден со финансиска поддршka на „вoeни coборци”, семеен дом, кулата „Глоѓан” од 270.000 евра и 200 хектари приватно земјиште вредно 75.000 евра.

На долгата листа е куќа од 500 квадратни метри од 202.000 евра, купена на кредит, како и стан од 213 квадратни метри, во вредност од 70.000 евра, објави „Политика” пренесувајќи го приштинскиот весник „Зери”.