Има разлика: Мицкоски убедлив победник на дебатата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вечерашниот ТВ дуел помеѓу Зоран Заев, премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ и лидерот на најголемата опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, гостите разговараа за актуелните случувања во земјата, како и за претстојните локални избори.

Дуелот помина во тензична атмосфера, со видлива нервоза кај премиерот Заев, кој, со своите изјави покажа дека е целосно отсутен од реалноста.

Мицкоски уште на почетокот, веднаш побара одговорноста од власта за трагичниот пожар во тетовската модуларна болница, во кој животите ги загубија 14 лица, како и образложение од премиерот зошто сѐ уште не се прифатени оставките на министерот и заменик министерот за здравство. Тој посочи дека оставките се неопходни за да се спасат животи.

-За да спасиме човечки животи, затоа што ситуацијaта е загрижувачка, 14 човечки животи, 12 пациенти и двајца блиски до пациентите ги загубија своите животи поради неспособноста на надлежните и слабостите на системот кои се резултат на лошото менаџирање на тој систем од страна на надлежните, истакна Мицкоски, додавајќи дека ако денеска има некој кој има грижа на совест во Владата, а тука најповикан е Зоран Заев не само што нема да размислува туку веднаш ќе ги прифати сите овие оставки, и тоа е првата работа којашто треба да ја направи, а тоа е моралната одговорност, а потоа следат и поинакви одговорности, затоа што 14 луѓе ги загубија своите животи.

Заев изјави дека нема намера да ги прифати оставките се додека не заврши истрагата, од чии резултати и ќе зависи неговата одлука.
Заев го обвини Мицкоски дека собира политички поени од целата ситуација со пандемијата и пожарот, заборајавќи дека токму Мицкоски ги предупредуваше граѓаните да се чуваат, како и дека токму тој повика на масовна имунизација.

Заев заборави и дека не толку одамна тој, а не Мицкоски, собираше политички поени на маката на народот злоупотребувајќи ги Смиљковско езеро, Диво насеље, како и смртта на Никола Младенов, Мартин Нешковски и малата Тамара, за да седне во фотелја.

Заев заборави дека во Извештајот од Економист Македонија е оценета како хибриден режим, но и според индексот на корупција на Транспаренси Интернешнал стои дека Македонија е на историско најлошо место според степенот на корупција, а во извештајот од страна на Стејт Департментот стои дека корупцијата е постојан проблем во Македонија, како и дека Македонците се најнесреќните луѓе во Европа, за што се директно виновни тој и неговата партија.

Заев, очигледно неподготвен за дебатата, како да ги заборави секојдневните скандали, па по навика започна да се служи со старите обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, кои ги спомнува секогаш кога е втеран во кош.

Христијан Мицкоски, пак, со својата смиреност и аргументирани изјави уште еднаш покажа дека има разлика, и дека не се сите исти. Тој докажа дека ја оправдува довербата на граѓаните кои препознаваат еден нов кавалитет, наспроти криминалите на коалицијата СДСМ-ДУИ.

„Граѓаните ќе го препознаат на следните локални избори и ќе видат како вистински се работи, па можеби и не би ме зачудило и самиот Зоран Заев за четири години гласа за ВМРО-ДПМНЕ. Коалицијата против корупција на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива на господинот Села и господинот Гаши ќе ве порази вас и сите останати бидејќи сте до гуша заглавени во криминал господине Заев, истакна Мицкоски.

Христијан Мицкоски убедливо победи на денешната дебата, како што, несомнено ќе победи и на претстојните локални избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This