Принцезата Шарлот го привлекува вниманието каде и да се појави.
Во текот на неодамнешното крштевање на братот, малата Шарлот повторно го украде шоуто, а девојчето кое има само три години, веќе заработува милијарди фунти.
Според податоците на „Reader’s Digest“, нејзиниот постар брат принцот Џорџ вреди една милијарда помалку од Шарлот и тој наводно заработува 2,7 милијарди фунти.
Овие пресметки се засновани на вредноста која кралските наследници ја носат на британската економија. Баш како „Меган Маркл ефектот“, модата на принцезата Шарлот е причината поради која таа вреди повеќе од своите браќа. Како што е случај и со нејзината мајка Кејт Мидлтон и тетката Пипа Мидлтон, се што малата принцеза ќе облече носи успех во продажбата.