дома Македонија Именувани нови директори на Институтот за бeлодробни зaболувања и ТБЦ и Клиниката...

Именувани нови директори на Институтот за бeлодробни зaболувања и ТБЦ и Клиниката за ревматологија

Д-р Суад Зејнел од Клиниката за пулмологија ќе биде нов директор на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, а д-р Башким Османи ќе раководи со ЈЗУ Клиниката за ревматологија. Д-р Зејнел и Д-р Османи доаѓаат на местата на д-р Арбен Љабеништа и д-р Филип Гучев кои досега раководеа со овие клиники, соопштија од Министерството за здравство.

Се очекува до крајот на неделата да бидат именувани нови директори и во Центарот за Јавно здравје, ЈЗУ Клиниката за Кардиологја, ЈЗУ Клиниката за токсикологија, ЈЗУ Клиниката за детски болести како Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.