дома Балкан ИМ ЗАБPAHИЈА ДА ПOМИНАТ: Косоварите не им дoзвoлија на Србите да отидат...

ИМ ЗАБPAHИЈА ДА ПOМИНАТ: Косоварите не им дoзвoлија на Србите да отидат во Белград на митингот на Вучиќ!

Осум автобуси со Срби од три општини од Косово и Метохија, јужно од Ибра, кои беа упатени кон Белград на митингот „Иднина за Србија“, беа вратени од административниот премин Кончуљ, соопшти претседателот на општина Витина, Срѓан Николиќ.

Николиќ рече дека возачите немале соодветна документација за автобусите и поради тоа нивното враќање било оправдано.

Од Косово тргнале вкупно 24 автобуси, а патниците од автобусите што се вратени најверојатно ќе продолжат со други автобуси или со приватни автомобили.

„Може да не вратат, да ни забpaнат да одиме, но не можат да ни забpaната да ја сакаме нашата Србија и нашиот претседател“, се наведува во соопштението на Николиќ, а пренесува Танјуг.