дома Балкан Имa ли oвa кpaj?: Иcтpaжитeлитe oткpиja нoв yжac вo cлyчajoт co Вељко...

Имa ли oвa кpaj?: Иcтpaжитeлитe oткpиja нoв yжac вo cлyчajoт co Вељко Беливук

Истражителите проверуваат чија облека била спакувана во торба на која се откриени траги од крв. Се проверува како таа облека се нашла на местото на злосторството кое го направиле членови на кланот на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ.

Во куќата на ужасот во Ритопек, за која истражителите се сомневаат дека кланот на Веjко Беливук и Марко Миjковиќ бил користен за тортура и убиства, полицијата пронашла и женска облека.

При детален преглед на куќата, на таванот, пронајдена е торба, на која имало траги од крв. Во таа торба е откриена шамија на Црвена звезда, како и црно здолниште и женски пижами. Парчињата пронајдена облека биле испратени на вештачење со цел да се утврди на кого припаѓаат.