дома Балкан ИНАЕТОТ ИМ УДРИ ОД ГЛАВА: Косовските санкции кон Србија доведоа до пораст...

ИНАЕТОТ ИМ УДРИ ОД ГЛАВА: Косовските санкции кон Србија доведоа до пораст на цените во Косово!

Наметнувањето на даноците на производи увезени од Србија и БиХ ги подигна цените за 2,2% во однос истиот период минатата година.

Најголемо зголемување на цените е забележано во кожната индустрија, а најмало на оптичите производи, медицински и музички инструменти и часовници.

Приштина ја воведе мерката на зголемување на даноците во ноември минатата година, и истата се уште е во сила, а најголем противник на нејзиното укунување е премиерот Рамуш Харадинај. Тој укинувањето на даноците го условива со признавање на Косово од страна на Србија.

Од друга страна пак, Белград бара укинување на даноците пред да се продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина. Притисок врз Косово врши и целата меѓународна заедница.