дома Македонија Инвеститopите бегaaт од Maкедонија: Bлaдата pacкина договop зa зaкyп на зeмjиштe во...

Инвеститopите бегaaт од Maкедонија: Bлaдата pacкина договop зa зaкyп на зeмjиштe во Бyнapџик со две стpaнcки кoмпaнии зa eдeн мeceц

Владата за помалку од еден месец раскина два договори за долготраен закуп на градежно земјиште под поволни услови со странски инвеститори преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, објави Фактор.

Минатата недела Владата му даде дозвола на Дирекцијата да го раскине договорот со фармацевтската компанија Саген, кој требаше да инвестира 20 милиони евра во Илинден. Со албанскиот инвеститор беше потпишан договор во 2018, кога на прес-конференција беше објавено дека ќе вложува во две фази и дека ќе отвори 300 работни места. Подоцна имаше и свечен чин на отпочнување на изградбата со владини претставници.

Две недели претходно беше одлучено да се раскине договорот со Кеслер. Германската компанија која во Бунарџик најавуваше 150 висококвалификувани вработувања во Бунарџик најверојатно останува да произведува електромотори во изнајмениот објект во Илинден. Договорот со Кеслер беше постигнат на крајот на 2017 а беа најавувани 150 вработувања.

Ова е прв пат до сега од страна на државата да се раскинат договори за закуп на земјиште со странски инвеститори, а тоа сега се случува на два пати во текот на минатиот месец. Останува нејасно до крај дали и ковид-кризата имала влијание на пасивноста од страна на навидум заинтересираните инвеститори. Според законот, доколку тие во рок од девет месеци не започнат со изградбата на капацитетите, договорот за закуп се раскинува.

Откако во земјата беше прогласена пандемија на коронавирус странските директни инвестиции се во минус, односно Народната банка во април, мај и јуни регистрирала одлив од 9,3 милиони евра. Во првата половина од годинава вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 122,6 милиони евра. Лани ситуацијата беше подобра со 326,2 милиони евра странски инвестиции. Но, е далеку од пред две години кога беа забележани рекордни 624,5 милиони евра.

Реџи енд Санс од САД, Џемтаг Лајтенинг од Турција, Доган Отомотив, исто така од Турција, Балканлар Пластик, Зенит од ОАЕ, Малхотра од Индија се најавени инвестиции кои склучиле договор за закуп на земјиште пред повеќе месеци.

Извор: Фактор