дома Економија ИНВЕСТИЦИЈА НА „БМВ“ ОД 1.2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ИЗБРКАНА ОД МАКЕДОНИЈА: Компанијата ќе...

ИНВЕСТИЦИЈА НА „БМВ“ ОД 1.2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ИЗБРКАНА ОД МАКЕДОНИЈА: Компанијата ќе инвестира во Унгарија и Србија

Растот на економијата во првите 6 месеци од работењето на новата влада изнесуваше катастрофални 0 проценти, односно Македонија не забележа раст на БДП за 2017 година. Во првиот пак квартал од 2018 година растот на БДП изнесува очајни 0,1 проценти, опозицијата во континуитет обвинува дека ваквата катастрофална состојба во економијата е резултат на неспсобноста на економското трио во владата, Заев, Анѓушев, Тевдовски.

Имено од светските и регионалните медиуми дознаваме дека Македонија пропуштила инвестиција вредна 1.2 милијарди евра, светскиот автомобилски гигант БМВ наместо во Македонија се одлучил да инвестира во соседството поточно во Дебрецен, Унгарија. Инвестицијата на БМВ е прва инвестиција на германскиот автомобилски гигант во Европа по цели 20 години и е вредна 1.2 милијарда евра, а капацитетот на фабриката ќе биде производство на 150 илјади возила на годишно ниво, меѓу кои ќе се произведуваат и електрични автомобили. Одлуката на БМВ наводно е поради зголемените трговски тензиите во светот и трговската војна која започна помеѓу ЕУ и САД.

Македонија не била во трката само за фабриката за производство на автомобили, покрај тоа нашата држава влегла и во битка за отворање на помошна фабрика во Македонија за производство на батерии за автомобилскиот гиганти, но и оваа трка нашата држава ја загубила. Имено помошната фабрика за батерии на БМВ ќе биде отворена во соседна Србија, а Македонија повторно е губитник во регионалната битка за странски инвестиции. Повеќе од очигледно е дека политиките на владата на Заев и СДСМ за привлекување на странски инвестиции не вродуваат со плод.