дома КОВИД-19 (Коронавирус) Индија ја стартува најмасовната имунизација во светот – 300 милиони до јули

Индија ја стартува најмасовната имунизација во светот – 300 милиони до јули

Индија денес ја започна најголемата кампања за вакцинација во светот, а владата на оваа земја планира да вакцинира 300 милиони луѓе до јули. Ова одговара на скоро вкупното население на Соединетите држави.

Здравствен работник во државната болница во Делхи прв ја прими вакцината. Како најнаселена земја во светот по Кина, Индија исто така верува дека можеби не треба да ги вакцинира сите 1,35 милијарди жители.

-Индија денес претставува најголема програма за вакцинирање во светот. Ниту една земја во историјата не спроведе кампања за вакцинација од толку голем обем – рече премиерот Нарендра Моди во телевизиско обраќање до нацијата пред почетокот на вакцинацијата, пренесува Хина.

Околу 30 милиони здравствени работници и други работници од првата линија на одбрана ќе бидат првите кои ќе примат вакцини, проследени со 270 милиони луѓе постари од 50 години или во групи со висок ризик. 151.918 лица починаа од коронавирус Индискиот регулатор на лекови итно одобри две вакцини: Ковишилд, произведен од британскиот универзитет во Оксфорд и фармацевтската компанија Астра Зенека и Коваксин, произведени од индиската компанија Барат Биотек.

Индија, со над 10,5 милиони заразени, има втор најголем број на инфекции со коронавирус во светот, по САД. Досега, 151.918 лица починаа од ефектите на коронавирусот во таа земја.