Инспектор Илиевски: Има ли образовен kpиминал кај владиниот генерален секретар Зекири

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако отворите по интернет порталите, па и на Vikiped страницата, Кој е Мухамед Зеќири новиот генерален секретар на Владата меѓу другото пишува„…македонски политичар од албанско национално потекло, потпретесдател на политичката партија СДСМ…Зеќири основно училиште завршил во „Лирија“-Чаир, а средно теолошко училиште во медресата „Иас Бег“ во скопското село Кондово. Дипломирал на студии по новинарство на Универзитетот на Југоисточка Европа во Тетово (УЈИЕ) во 2001 година…а од март 2006 година станува главен и одговорен уредник на телевизија АЛСАТ М….“.


Па во што е проблемот – што има тука образовн криминал? Имено, по завршување на средното теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во село Кондово (скопско) се запишува незаконито на УЈИЕ на насока новинарство. Незаконито, затоа што верските улилиште (бгословско, исламско) не се регулирани согласно законот. Тие можат да се запишат на повисоките степени на образование само на Исламски факултет или Богословски, но никако на друг универзитет како УЈИЕ и други. За ова, на мое прашање до одговорните на УЈИЕ. Како е запишан Мухамед Зеќири со средно теолошко верско училиште. Со несигурност ми одговараат и велат, дека: „добиле мислење од Министерството за образование“. На мое прашање: Дали мислењето е на писмено и од кого?. Ми се одговараат незнаеме! Во тој период ректор бил професор д-р Алајдин Абази! Велам, да го барам. Нема потреба. Констатираното е незаконито – пишува Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во своето писмо испратено до медиумите.

Според него, малце повеќе чудно е што генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, навел дека:„ Дипломирал на студии по новинарство на Универзитетот на Југоисточка Европа во Тетово ( УЈИЕ) во 2001 година. Во што е нелогиката (може да проверите) стои: „ Универзитетот на Југоисточна Европа или УЈИЕ, порано Штулов универзитет – јавно приватен универзитет со главно седиште во Тетово и формиран е во 2000 година…Изградбата на универзитетот започнал во март 2001 и УЈИЕ се отворил шест месеци подоцна со 900 студенти…“. Е, како бре Мухамеде, и на каков начин си дипломирал во 2001 година, експресно. Ти си за Гинисова книга „браво“. На моето интересирање, после неколку дена, одговорните на универзитетот, ме известуваат, дека:„ првиот студент дипломирал во 2004 година“. Па по неколку дена повторно да ме информираат дека:„ тој се запишал кај нас 2008/2009година и мислам дека дипломирал некаде 2012 година“. Ајде, ај ирлија!. Одговорните мислат. Тоа мора да е запишано во Главна книга на дипломирани. Мора да се знае. Ова не е ајван пазар. И таму има ред – коментира инспекторот.

Тој испрати повик до институциите

Ги повикувам премиерот Зоран Заев (кумашин на Мухамед) да го провери и испита овој образовен скандал, потоа, министерот за образование и наука Мила Цароска („која се залага за квалитетно образование“) да им нареди на Државниот просветен инспекторат-нивниот директор (името не му го знам. Знам дека е кадар на политичката партија ДУИ и дека е од Кичево), да извршат вонреден инспекциски надзор. И за истото да биде известена македонската јавност и средствата за јавно информирање. Што е точно. Ајде институции почнете со борбата против образовниот криминал!. Ајде вицепремиер Николовски-ти си за криминалот!.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This