На покана на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва во Кабинетот на претседателот, се одржа средба на која присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, информираат од Кабинетот на Иванов.
Како што се наведува во соопштението тема на разговор биле актуелните случувања.
-Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија. Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина, се наведува во соопштението на Кабинетот на Иванов.