дома Македонија Институт за педагогија: Cepиозни пpoблеми во образованието ќе пpeдизвика нoвиот концeпт за...

Институт за педагогија: Cepиозни пpoблеми во образованието ќе пpeдизвика нoвиот концeпт за ocновно

Членовите на Институтот за педагогија со мнозинство гласови донесоа заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за осново образование.

Институтот за педагогија смета дека нацрт-концепцијата има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на нашата воспитно-образовна и општествена реалност и смета дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието, информира Институтот за педагогија.

Од овие причини, како што наведува Институтот во известувањето, треба да се запрат активностите во врска со концепцијата и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција.

Проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и проф. д-р Лена Дамовска, кои се дел од работната група за подготвување на нацрт-концепцијата за основното образование, даваат безрезервна поддршка да продолжат реформите затоа што сметаат дека ќе се одвиваат етапно, додека проф. д-р Алма Тасевска беше воздржана, се наведува во дописот од Институтот за педагогија и неговата раководителка Јасмина Делчева-Диздаревиќ.