дома Социјални Мрежи ИНСТРАГРАМ СТАНА ФАБРИКА ЗА ЛАГИ:Блогерке, пиеш чај од празна шолја и се...

ИНСТРАГРАМ СТАНА ФАБРИКА ЗА ЛАГИ:Блогерке, пиеш чај од празна шолја и се преправаш дека си среќна – патетична си!“

Дали лажното претставување на Инстаграм е навистина токсично? Дали Инстаграм стана фабрика за лаги?

Инстаграм блогерката Скарлет Лондон (24), која има повеќе од 45.000 следбеници, деновиве стана мета на потсмев на Твитер.

Таа на својот Инстаграм профил прикачи фотографија на која открива како го започнува денот и порачува дека тоа е најдобро да се стори со позитивни мисли, шолја чај, палачинки и јагоди и позира во својата спална соба. Нормално, јасно е дека сето ова е исценирано.

Еден твитерџија ја сподели нејзината фотографија и напиша: „Ова дефинитивно не е нормално утро за никого. Инстаграм е смешна фабрика за лаги која прави да се чувствуваме несоодветни.“

Твитот има повеќе од 23.600 ретвитови и повеќе од 106.000 лајкови. Скарлет откри дека виралниот твит ѝ направил проблем и таа постојано добива заканувачки пораки и пораки со невкусна содржина.

Луѓето ѝ пишувале дека е патетична, дека треба да се удави со балоните, дека тортиљите се обидува да ги претстави како палачинки и дека е смешна што пие од празна шолја чај. Тие ја нарекоа лажна и смешна. Проценија дека ги „оштетува“ младите луѓе затоа што поставува нереални и исценирани фотографии, кои се подеднакво лоши како и моделите од модните магазини средени со Фотошоп.

Што мислите вие дали блогерките навистина им поставуваат превисоки критериуми на младите девојки за тоа како треба да изгледа животот? Дали лажното претставување на Инстаграм е навистина токсично?