Интервју со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Неготино: Македонија е зaлoжниk на политиките на власта, јас ќе ги решам најголемите проблеми на неготинци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е заложник на политиките на власта истакна доктор Горан Стојанов, кандидат за градоначалник на Неготино на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Инфомакс.

Тој потенцираше дека голем број ветувања на досегашниот градоначалник од редовите СДСМ додавајќи дека градот во ниту еден поглед не е поубаво место за живеење од пред 4 години.

Стојанов вели дека ќе ги реши најголемите проблеми на Неготино како што е проблемот со водоснабдувањето, собраќајниот метеж и ветува дека ќе ја подобри бизнис климата во градот со што ќе се зголеми бројот на инвестиции во градот и ќе се отворат нови работни места.

Во прилог прочитајте го целото интервју со докотор Стојанов:

1. Што Ве мотивираше господине Стојанов да се кандидирате за градоначалник на Неготино?

Мојата професија како доктор интернист ми овозможува постојано да бидам опкружен со луѓе од најразлични социјални слоеви, особено во овие времиња кога сè уште трае пандемијата на Ковид-19. Слушајќи ги нивните животни приказни, станав дел од секој нивен проблем, мака и разочарување. Тие воедно и ми беа главната мотивација за да се исправам пред оваа цел што треба да води единствено кон подобрување на севкупните услови на нашето секојдневно живеење. Менаџирањето со Локалната самоуправа, правилното насочување на голем дел од ресурсите и создавање поволни услови што ќе ги подобрат условите за живеење во сите општествени сегменти, за мене како личност и човек пред сè, е навистина врвен предизвик.

2. Што е она што најмногу му недоставува на Неготино, кој проект од Вашата програма ќе Ви биде приоритет?

На Неготино му недостасуваат многу нешта кои се поврзани со целосната инфраструктура на градот, како што се: водоснабдување, средување на сообраќајниот хаос, привлекување нови инвестиции со можност за отворање и нови работни места и уште многу други за кои секако ќе се произнесам во програмата.

3. Како би ја оцениле работата на досегашниот градоначалник на Неготино, дали денес Неготино е поубаво место за живеење отколку пред 4 години?

Во суштина секој човек кога прави нешто, смета дека го прави најдоброто, но затоа тука се очевидците коишто можат да проценат какви се резултатите од работењето. Досегашниот градоначалник на Општина Неготино не би можел да биде пофален затоа што со неговото менаџирање не придонесе да се создадат услови за подобро живеење на жителите, за некаков економски раст или развој, разубавување на градот и привлекување позначајни инвестиции. Неготино од гратчето Пејтон, како што го нарекуваат старите неготинци, денес во никој случај не е поубаво место за живеење од пред 4 години и во однос на неговиот екстериер и инфраструктура, ниту пак во однос на културно-уметничкиот и општествениот живот.

4. Кое е најголемото нереализирано ветување на Вашиот противкандидат, актуелен градоначалник, дали можеби Вие планирате да го реализирате?

Ако детално и внимателно ја разгледате програмата на мојот противкандидат, во неа има безброј ветувања, но едно капитално или најголемо нереализирано ветување е решението за водоснабдување на градот како проблем кој постојано се провлекува. Исто така воочливо е и ветувањето за изградба на катни гаражи за регулиран сообраќај. Со новоизградени паркинг-простори би се намалил проблемот со паркирање, би се обезбедила поголема сигурност, посигурен и побрз транспорт, редуцирање на секојдневниот метеж и пред сè, би се избегнале несакани сообраќајни несреќи. Но, за жал, наместо катни гаражи, формирано е ново претпријатие ЈП „Паркинзи Неготино“ – Неготино, со систематизација од 22 нови вработувања иако во физибилити студијата која беше претходно изработена, јасно е претставено дека Општината нема услови за вакво претпријатие и истото би работело во минус. Би можел како поприоритени проекти да ги спомнам и изградбата на колекторски систем Тимјаник-Неготино, изградба и средување на современ Градски пазар и реализирање на Браунфилд инвестиција на старата гимназиска зграда.

5. Како пандемијата се одрази на Неготино, кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат неготинчани?

Пандемијата, општо нанесе удар врз економијата, стопанството и трговијата. Се одрази и врз земјоделието како основна дејност со која се занимаваат луѓето од овој крај. Во најголем број, погодени се малите или микро-претпријатијата. Повеќето се од производствената индустрија, други услужни и угостителски дејности, а има и такви што се занимаваат со трговија на големо и мало. Во ова време на пандемија, беше погоден и културниот живот, особено на младите.

6. Очекувате ли фер кампања или можеби интриги и црна кампања од страна на Вашиот противник?

Политичката криза што опстојува подолго време претставува опасност за системот и отсуството на владеење на правото ја држи Македонија како некој заложник. При вакви услови, не би ја исклучил можноста дека и кампањата би можела да биде нефер и проследена со интриги и сплетки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This