Интересно истражување покажува што ги загрижува најмногу луѓето низ светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анкетната агенција Ипсос спроведе анкета, прашувајќи ги луѓето што ги загрижува најмногу.

Истражувањето, чии резултати беа објавени и на Светскиот економски форум (СЕФ), опфатило 19.000 возрасни лица од 28 земји.

Како што се очекуваше, пандемијата на коронавирус е најголемата грижа.

Следуваат невработеноста, сиромаштијата и социјалната нееднаквост. Политичката и финансиската корупција се меѓу најчестите причини за загриженост.

Изненадувачки, само 15 проценти од испитаниците се загрижени за климатските промени.

Германците се најзагрижени за климатските промени, 36 проценти, потоа Канаѓаните и Австралијците, 31 проценти.

Повеќето испитаници се песимисти кога станува збор за начинот на управување со нивната земја. Повеќе од 64 проценти од нив веруваат дека земјата се води во погрешна насока.

Бројот на оние што мислат така е зголемен во споредба со јануари годинава, кога имаше 62 проценти, и август минатата година, кога имаше 57 проценти.

Од јули оваа година, оптимизмот нагло опадна во Велика Британија, Израел, Турција, Полска, САД, Германија и Канада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This