дома Локално „Интермецо“ зaрaбoти глoбa од 6.000 eвpa пopaди глacнa мyзикa

„Интермецо“ зaрaбoти глoбa од 6.000 eвpa пopaди глacнa мyзикa

Инспекторите за животна средина му изрекоа мандатна глоба во висина од 6.000 евра во денарска противредност на кафе барот „Интермецо“ во Капиштец за гласна музика.

Како што информираат од Општина Центар, инспекторите излегле на терен, по бројните поплаки од граѓаните кои се жалат на бучавата и гласната музика која се слуша од самиот локал.

-Проблемот со гласната музика и бучавата од конкретниот локал се провлекува веќе неколку години наназад и по сите претходно преземени мерки, односно опомени, мерења на децибелажата и предупредувања, Општина Центар изрече казна-потенцираат од локалната самоурава и додаваат дека нема да дозволат некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелираат до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава.

Општината ќе продолжи со санкционирање на локалите кои нема да го почитуваат Законот.