Интерпелацијата беше нeопходна бидејќи Талат Џафери се однесува како koмандант на Собранието, вели Силјановска Давкова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Во една од забелешките во функционирањето на Парламентот под водство на претседателот Џафери реков дека нема пратенички прашања. Кај нас пратеничките прашања се трансформирани во владини оти нам министрите ни држат лекции и не критикуваат. А, да се случи тоа во британскиот Парламент спикерот ќе го отстрани министерот”, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија” во емисијата „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Силјановска Давкова додаде дека прашањата на граѓаните треба да се преточени во прашањата на пратениците, е така треба да биде и во македонскиот Парламент, но власта тоа не го дозволува.

„Замислете министрите кои треба да бидат контролирани од пратениците, сега ја обвинуваат најчесто опозицијата за состојбата во која што се наоѓаме, а тие се политички невини”, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова во текот на емисијата се осврна и на поднесената интерпелација на Талат Џафери.

„Талат Џафери се однесува како командант на Собранието”, појасни Силјановска Давкова.

Таа посочи дека во македонскиот Устав во амандманот 5 не пишува дека англискиот јазик е службен јазик во меѓународните односи на Македонија, туку пишува дека е македонскиот јазик.

„Во услови кога и нас ни го оспоруваат македонскиот јазик, зошто да не го почитувате македонскиот Устав”, запраша Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова исто така посочи дека непознат феномен е министер за внатрешни работи да оди во предизборна кампања за локални избори. Министрите за внатрешни работи ако сте забележале ретко се појавуваат во јавноста и си ја тераат работата. Но, со оваа власт во Македонија се е можно.

„Тоа што власта го говори сега е за предизборни цели, зборовите на власта летаат насекаде, дури полесни се и од лисјата. Но, пожолтеа веќе тие лисја, никој веќе не им верува на зборовите на власта. И тоа особено ако секој ден кажаното го демантира некој настап. Од власта ќе кажат дека нема никаков проблем и потоа ќе се огласи некој од политичарите во соседството”, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека власта во својот мандат ништо не направи за да им се подобри животот на граѓаните туку ги распродадоа националните интереси на Македонија.

„Охридски политички фестивал и многу чуден состав, пазете ако имате во логото, во мотото „дијалог”, првото прашање е а имате проблем со соседна Бугарија, зошто немаше некој претставник од Бугарија. Зошто немаше некој претставник од актуелната грчка власт? Творците или промоторите на договорот сега го фалат до бескрај. И врв на тоа е изјавата на нашиот министер за надворешни работи сите ни завидувале замислете. Сега заевизмот стана филозофија на завидлизам. Според власта сега сите ни завидуваат толку многу што не не сакаат меѓусебе. Сите ни завидуваат толку многу што никој не сака да не имитира”, истакна Силјановска Давкова говорејќи за Преспа дијалог форумот.

„На форумот беа многу луѓе за кои не ми е јасно по критериум водат дијалог. Дали сте виделе во било која држава дијалог без лидер на опозиција? Лидерот на опозицијата не беше таму”, рече Силјановска Давкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This