April 23, 2024, 11:18 am

ИНФЛАЦИСКИ СКОК во ЕУ – Во ноември просекот бил 5,2 проценти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Годишната стапка на инфлација во 27-члениот блок во ноември достигна 5,2 отсто, додека во октомври изнесуваше 4,1 отсто, јавува Агенција Анадолија.

Една година претходно, стапката на инфлација во Европската Унија изнесуваше минус 0,2 отсто, покажуваат податоците на статистичкиот завод Евростат.

Во еврозоната, годишната инфлација во ноември на месечно ниво се зголеми од 4,1 отсто на 4,9 отсто. Во ноември 2020 година изнесуваше минус 0,3 отсто.

Годишната стапка се зголеми во речиси сите земји членки во ноември.

Најниски стапки во месецот забележаа Малта (2,4 отсто), Португалија (2,6 отсто) и Франција (3,4 отсто).

Највисоките годишни стапки се забележани во Литванија (9,3 отсто), Естонија (8,6 отсто) и Унгарија (7,5 отсто).

Главниот придонес во инфлацијата е енергетскиот сектор со 2,57 процентни поени, а потоа следуваат услужниот сектор (1,15 процентни поени), неенергетските индустриски производи (0,64 процентни поени) и храна – алкохол – тутун (0,49 процентни поени).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This