дома Актуелно Инфомакс открива нова рекетарска шема

Инфомакс открива нова рекетарска шема

Со скандали дојдоа на власт, така и ќе си заминат.

Извесен Коки Поки, член на една владејачка партија е замешан во рекетарска шема, дознава уредникот на Инфомакс, Александар Митовски. Во рекетот, се вмешани и видни луѓе, како и лица на високи функции во државата.

„Утре откриваме нова рекетарска шема, овој пат замешан извесен Коки Поки, од една владејачка партија. Вмешани и судии, адвокати но и директори на Агенции.“, објави Митовски.

Целата рекетарска шема, заедно со фото докази ќе биде објавена утре во 19.00 часот на порталот Инфомакс.