дома Македонија ИНФОМАКС СО ДОКАЗИ ЗА ПАРТИСКИТЕ ВРАБОТУВАЊА: СДСМ купува гласачи за референдумот со...

ИНФОМАКС СО ДОКАЗИ ЗА ПАРТИСКИТЕ ВРАБОТУВАЊА: СДСМ купува гласачи за референдумот со вработувања во државни институции

Во прилог ви прикажуваме низа на огласи од државни институции каде власта вработува по партиски клуч, со цел купување на гласови за референдумот за промена на името. Претходно го објавивме Твитер статусот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој од извори внатре од владеачката парија го најави пеколниот план за купување на гласови на СДСМ.

Меѓу институциите кои вработуваат пред референдумот се Државниот Архив, Министерство за одбрана, АРМ, Општина Центар, Министерство за образование и наука и многу други.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати обвинија дека во Македонија се случува скандал од невидени размери односно дека владата вработува 6.000 партиски војници на товар на државниот буџет.