дома Актуелно Инфомакс со најнови информации за изборни нepегуларности од Битола

Инфомакс со најнови информации за изборни нepегуларности од Битола

Редакцијата на Инфомакс преку повеќе мобилни тимови ја следи на терен состојбата во земјата од започнувањето на изборниот молк.

Во Битола, како што информира новинарот Борислав Стоилковиќ за Инфомакс, ноќеска биле отворени штабовите на политичка партија и покрај изборниот молк. Тој не успеа да обезбеди снимка поради агресивноста на присутните.

„По синоќешната обиколка во Баир маало, во Битола, еве сега сум пред сновното училиште Тодор Ангеловски, каде што утре ќе биде гласањето. Меѓу другото ноќеска не успеав да снимам, но можам да посведочам дека и покрај изборниот молк, исто како во Прилеп, и тука, работеа штабовите на една од политичките партии од власта. Луѓето беа пермногу агресивни, премногу вулгарни, затоа и не успеаав да направам снимка. Но еве денеска давам извештај и дека избирачките одбори кои што одат денеска да ги посетат болните за да гласаат, приметив дека се со минимална заштита, поточно само со маска. Не знам дали е тоа во ред“, известува Стоилковиќ за Инфомакс.

Инфомакс од започнувањето на изборниот молк до завршувањето на изборниот процес ќе биде присутен на терен во целата држава, одблизу ќе го следи изборниот процес и обидите за поткуп и манипулација со изборниот процес.

Екипи ќе имаме од Скопје до Гевгелија, од Охрид до Струмица, и секаде онаму каде што ќе биде нарушен со било какви незаконски дејствија.

Секоја информација која ја имате за евентуален изборен поткуп или манипулација со изборната волја, прекршување на процесот на избори, пријавете ја кај нас на нашата фејсбук страница, iNFOMAX.MK