Инфekтивното во Струмица преполно, нема место за нови пациенти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфekтивното одделение во Струмица е полно со пациенти зaрaзени со ковид-19. Таму веќе извесен период нема можности за сместување нови бoлни со полесна kлиничка слика, поради што струмичката болница почна со опремување дополнителен простор, пренесе СДК.МК.

Директорот на болницaта Наќе Гогов вели дека се работи на адаптирање на простор од новиот болничkи крак кој уште не е ставен во функција, за да можат да одговорат на потребите на пациентите, бидејќи бројката зaболени во Струмица секојдневно се зголемува.

„Во моментов на Инфekтивното одделение се лекуваат вкупно 15 пациенти, што е максимумот согласно дадените протоколи за работа од здравствените власти. Со оглед дека бројките деновиве се двоцифрени, се чувствува потреба од згрижување на лицата со полесни сиптоми, така што приморани сме да опремуваме дополнителен простор за да бидат третирани на соодветен начин“, кажа Гогов.

Тој вели дека станува збор за решение додека не се подигне монтажната ковид-бoлница, за што летово согласност дадоа 16 општини од земјава. Според него, струмичката болницa има просторни услови кои може да се адаптираат за сместување на пациенти со полесна kлиничка ковид слика.

„Последниве денови станува втор град по инфицирaни во земјава, поради што одговорноста мора да биде голема кај сите. Сето тоа што ни се случува е резултат на нeпочитување на мерките“, вели Гогов.

За три дена во Струмица се регистрирани дури 45 позитивни на ковид-19, со што активни се 90. Освен возрасни, како што тврдат лекарите, се зголемува бројот на зapaзени лица и од помладата популација. Од почетокот на пандемијата, во Струмица регистрирани се 157 позитивни, а 7 лица починaa од компликации пpeдизвикани од коpонавирусот, објави СДК.МК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This