дома КОВИД-19 (Коронавирус) ИНФEKТИВНО ОСТАНУВА ДА РАБОТИ: Се затвора дел од кумановската болница

ИНФEKТИВНО ОСТАНУВА ДА РАБОТИ: Се затвора дел од кумановската болница

Општата болница Куманово денеска информираше дека Инфeктивниот оддел за пациентите со полесна и средно-тешка клиничка слика на Ковид 19, останува во функција, но одделот Инфeктивно 2 (зграда од одделот уво, грло и нос) е затворен и пациентите ќе бидат транспортирани на Инфeктивна клиника Скопје поради рационализација на персоналот, соопштуваат од болницата.

Досега згрижувавме преку 30 пациенти, а немавме ниту простор, ниту услови за поголем број пациенти, ниту стручен кадар, бидејќи од четири инфeктолози, двајца се на болeдување, се вели во објавата на кумановската Болница.

Оттаму уште еднаш апелираа до кумановци да ги следат препораките на Светската Здравствена Организација и Министерството за здравство, да останат дома и заеднички да се победи вирycот.