дома Локално ИНЦИДЕНТИ И АПСЕЊА НА ПЛАСТИЧАРСКА:Возачот на автомобил Мерцедес не застанал на знак...

ИНЦИДЕНТИ И АПСЕЊА НА ПЛАСТИЧАРСКА:Возачот на автомобил Мерцедес не застанал на знак „стоп“ од контролата

Попладнево при вршење на својата работа полицијата била попречувана од одредени лица, кои не дозволиле да се отстранат автомобилите од тротоарот.Приведен е 35- годишен скопјанец денеска на Пластичарската улица во Скопје.

 Во 13:30 часот на булеварот „Никола Карев“ сообраќајна полиција вршела проверка, а возачот на автомобил Мерцедес не застанал на знак „стоп“ од контролата, по што возилото било престигнато од полицијата и приведено е 35-годишно лице од Скопје.

Од МВР со подетални информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.