дома Хроника Инцидент во маркет на „Партизанска“: Муштерија почнал да пцуе, па нападнал вработена,...

Инцидент во маркет на „Партизанска“: Муштерија почнал да пцуе, па нападнал вработена, го тргнале други купувачи

Вчера во 17.30, М.С. (28) од Скопје, вработена во маркет на бул. „Партизански Одреди“, пријавила дека истиот ден во 17.15 часот, поточно во маркетот, била физички нападната од купувачот П.Т. (65) од Скопје.

Тој влегол во маркетот и почнал да пцуе, по што дошол до неа и физички ја нападнал. Тој бил тргнат од други купувачи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

(фото – илустрација)