Инцидeнт вo Тетово: Мoлoтoв кoктeл фpлeн вo пpoдавница – интepвeниpaлe пoжapникapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шише со запаллива течност ноќеска било фрлено во продавница во Тетово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), посочувајќи дека оштетен бил долниот дел од излогот и стаклото, но нема повредени лица.

Огнот е целосно изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица, а случајот е пријавен околу 2 часот и 30 минути.

– Околу 2 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на излог од продавница на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово, сопственост на 66-годишниот Е.Ј. од тетовско Шемшово било фрлено шише со запалива течност. Оштетен е долниот дел од излогот и стаклото. Нема повредени лица, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This