дома Свет Инјектирал непозната супстанца во месо во супермаркети низ Лондон

Инјектирал непозната супстанца во месо во супермаркети низ Лондон

Британската полиција соопшти дека уапсила маж во западен Лондон кој инјектирал бројни инјекции во преработено месо.

Супермаркетите „Little Waitrose“, „Sainsbury’s Local“ и „Tesco Express“ се затворија по инцидентот што се случи во средата вечерта.

„Во моментов не е познато со што и колку производи се контаминирани“, се вели во соопштението на градската полиција.

Во тек е истрага за да се утврди дали инцидентот се случил и во други супермаркети во таа област.

На луѓето кои купиле храна од супермаркет во средата навечер им било препорачано да ја фрлат. Човекот е испрашуван под сомнение дека ја загадил стоката, со намера да предизвика јавна штета.