дома Свет Иран гpaди пoдзeмнa нykлeapна пocтpojкa: Caтeлитcки cнимки oткpивaaт нoви aктивнocти

Иран гpaди пoдзeмнa нykлeapна пocтpojкa: Caтeлитcки cнимки oткpивaaт нoви aктивнocти

Иран започна со градежните работи во својата подземна нуклеарна постројка додека траат тензиите со САД поради атомската програма, покажуваат најновите сателитски снимки.

Иако не е јасно за што се градат новите објекти, секој вид на градежни активности во Фордо во Иран, веројатно ќе предизвикаат нова загриженост во Вашингтон пред администрацијата на Доналд Трамп да ја напушти Белата куќа.

Иран веќе гради своја нуклеарна постројка во Натанз после мистериозната експлозија во јули која официјален Техеран ја опиша како диверзантски напад.

„Сите промени на ова место внимателно ќе се надгледуваат како показател на тоа во која насока се движи иранската нуклеарна програма“, изјави Џефри Луис од Институтот за меѓународни студии Мидбери.

Запрашани за коментар, од иранската мисија при Обединетите нации за „АП“ изјавија дека „ниту една иранска нуклеарна активност не е тајна“, со оглед на тековните инспекции на Меѓународната агенција за атомска енергија.