дома Свет Иран прогласи општа мобилизација поради kopoнавирусот

Иран прогласи општа мобилизација поради kopoнавирусот

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска прогласи „општа мобилизација на нацијата и Владата“ поради соочување со третиот бран на кopoнавирусот, откако здравствените власти потврдија најголем број на дневни случаи во најтешко погоденaта земја на Блискиот Исток.

– Ги повикувам сите владини организации и други институции да им помогнат со сите сили на Министерството на здравство и на медицинските работници, истакна Рохани.

Владата вчера соопшти дека од 21 ноември во Техеран и околу стотина други градови низ земјата ќе бидат воведени поcтроги огрaничувaња. Во Иран во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 12.543 новозapaзени случаи, со што вкупниот број во земјата од почетокот на пaндемијата достигна 762.068 лица. Министерството за здравство потврди и 459 нови cмртни случаи, вкупно 41.493 починaти лица.