дома Социјални Мрежи ИРЕНА РИСТИЌ ПОВИКУВА НА ПРОТЕСТ: Во 18 часот пред Влада против непсособната...

ИРЕНА РИСТИЌ ПОВИКУВА НА ПРОТЕСТ: Во 18 часот пред Влада против непсособната и корумпирана власт!

Актерката Ирена Ристиќ и една од најгласните активисти на шарената револуција, повторно повикува на протести и активација на шарената револуција во Македонија. Таа бара поддршка за протестот во 18 часот пред Влада против како што вели неспособната и корумпирана власт.

-Во последните неколку години примам безброј закани по мојот живот. Јас сум во Скопје сега, и барам поддршка за протестот пред Влада од 18ч, против ваквите неспособни, корумпирани власти.
Секогаш ќе останам верна на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам. Се гледаме, пишува Ристиќ.