дома Македонија ИРФАН АСАНИ НЕ ЈА ОСТАВА ФОТЕЉАТА: Заев го „смете“, ДУИ назначи нов...

ИРФАН АСАНИ НЕ ЈА ОСТАВА ФОТЕЉАТА: Заев го „смете“, ДУИ назначи нов директор – Асани нема намера да ја напушти позицијата

Директорот на JП “Македонски железници и инфраструктура” Ирфан Асани нема намера да го напушти работното место, иако на негово место ДУИ назначи друг кадар – пренесува Инфо Шќип

Асани беше опфатен со “метлата” на премиерот Зоран Заев после десетгодишен мандат, но вели дека има направено многу работа и успеси. Асани, познат како командант на ОНА, вели дека за него треба да одлучува управниот совет од претпријатието, а не Заев.

Како следен чекор за ова тој ги спомнува судовите кои би одлучиле во врска со неговата судбина. Во наредните денови се очекува да се одлучи во врска со оваа институција и дали ќе дојде новиот директор Фестим Алили.